Нетанјаху: „Ќе влеземе во Рафах, имам и јас свои црвени линии“

1710163834_netanjahu.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги бранеше своите политики и одлуки во врска со Појасот Газа, откако американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека израелскиот лидер „повеќе го повредува Израел отколку што му помага“.


„Не знам точно што сакаше да каже претседателот, но ако сакаше да каже дека јас водам приватна политика против желбите на мнозинството Израелци и дека тоа им штети на интересите на Израел, тогаш тој греши по двете точки“, изјави Нетанјаху за западните медиуми.

Бајден ги даде своите забелешки за време на интервјуто за „MSNBC“, кога рече дека Нетанјаху „треба да посвети поголемо внимание на невините животи кои се изгубени како резултат на акциите преземени во Газа“.

Нетанјаху рече дека има намера да продолжи со инвазијата на градот Рафах во јужниот дел на Газа, и покрај предупредувањето на Бајден дека тоа ќе биде „црвена линија“.

„Ќе одиме таму. Нема да ја напуштиме Газа. Знаете, и јас имам црвена линија. Знаете која е црвената линија, за да не се повтори 7 октомври“, рече Нетанјаху, нагласувајќи дека операцијата нема да трае подолго од два месеци, но не наведе детали за временската рамка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK