Нетанјаху: Договорот за ослободување на заложниците е блиску

677z381_677z381_netanijahu-2811-669f7e3e242de.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска им кажа на семејствата на заложниците во Газа дека договорот што ќе обезбеди нивно ослободување може да биде близу, соопшти денеска неговиот кабинет.

Нетанјаху во моментов е во Вашингтон и треба да се сретне со американскиот претседател Џозеф Бајден подоцна оваа недела, откако тој ќе одржи говор пред Конгресот, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека, сето тоа не може да се случи одеднаш, туку ќе биде постепено и етапно.

„Верувам дека можеме да го унапредиме постигнувањето договор, кој ќе ни даде предност и ќе ни овозможи да обезбедиме ослободување на преостанатите заложници (оние кои не беа ослободени во првата фаза)“, рече израелскиот премиер.

Во меѓувреме, борбите продолжуваат во палестинската енклава Газа, при што израелските сили започнаа нов напад врз јужната област Кан Јунис, откако им наредија на цивилите да се евакуираат од областите за кои рекоа дека ги користат палестинските екстремисти за да извршат напади.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK