Немири во париско предградие откако полицаец уби 17-годишник за време на сообраќајна контрола

pariz-nemiri
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Улични немири го потресоа париското предградие Нантер, откако полицаец уби 17-годишно момче за време на сообраќајна контрола. Гневна толпа запали корпи за отпадоци, автомобили и основно училиште, а работниците од итната помош беа гаѓани со голема количина пиротехнички средства, соопштија градските власти.

Демонстрантите подигнаа барикади и ги попречуваа пожарникарите во нивната интервенција. Немирите почнаа во синоќа со протести пред полициската станица во Нантер и се проширија. Во Мант-ла-Жоли беше опожарено градското собрание. Полицијата употреби солзавец и гумени куршуми, но мораше да се повлече.


Според властите, уапсени се 15 лица.

Нередите биле предизвикани од смртта на 17-годишник во вторникот наутро за време на полициски контролен пункт. На видеото од инцидентот од мобилниот телефон на сведок, потврдено од каналот Франс инфо, се гледа како полицаец вперува пиштол кон возачката врата на запрен автомобил.

Кога младиот човек зад воланот ненадејно излегол, полицаецот пукал од непосредна близина и смртно го ранил.

Франс Инфо објави дека полицаецот бил приведен поради сомнение за убиство од небрежност. Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин рече дека полицијата започнала внатрешна истрага за инцидентот.

Убиството предизвика бес во Франција и обвинувања за прекумерно полициско насилство.

„Смртната казна повеќе не постои во Франција. Ниту еден полицаец нема право да убива освен во самоодбрана“, напиша на Твитер левичарскиот политичар Жан-Лук Меланшон. Тој рече дека полицијата ја омаловажува државната власт и дека таа треба темелно да се реформира.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK