Милитантната исламистичка група Хамас од Појасот Газа денеска влезе на југот на Израел и истрела илјадници ракети во таа земја, најавувајќи почеток на нова операција.
Десетици израелски воени авиони во моментов гаѓаат бројни цели на организацијата Хамас во Појасот Газа.
„Во војна сме и ќе победиме“, порача израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во пораката до Израелците.
Се огласи и поранешниот фудбалер на Партизан, Никола Терзиќ, кој моментално настапува во Израел.
„Се чувствувам безбедно, пред се’ затоа што сум на 40 минути од Тел Авив и сега кај мене нема тревога, се надевам и дека ќе нема“ изјави Терзиќ за „Спортал“ и потоа додаде:
„Требаше да почнеме, но немавме тренинг. Чекаме да видиме што ќе се случи. Ги следам вестите од минута во минута за да видам што се случува. Видов дека се испукани овие 5.000 ракети, израелската армија вели дека не се толку многу туку 2.500. Сè уште е некако свежо, овие напади само се случуваат, можеби сè ќе престане“, вели тој.
Вели дека не се само ракети.
„Она што го видов низ видеата е дека излегуваат луѓе во џипови, камиони, 5-6 од нив, војниците на Хамас одат по улица и напаѓаат полициски автомобили, пукаат во нив. Значи има и напади на улица. Исто така, она што успеав да го прочитам е дека има киднапирање. Дека војниците ги земаат како затвореници, тоа е единственото нешто што успеав да го прочитам и да го видам на видеата“, рече Терзиќ.