Навални: Мојата казна може да биде продолжена за 30 години

navalni
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални (47) се соочува со ново судење поради обвиненија за екстремизам поради кои може да биде во затвор со децении, јавува Би-Би-Си.

Навални веќе отслужува деветгодишна казна поради прекршување на условно ослободување, измама и непочитување на судот. Тој и неговите поддржувачи инсистираат дека неговото апсење и затворање во 2021 година биле политички мотивирани.


Новото судење започнува денеска во казнената колонија во која се наоѓа, лоцирана на 250 километри источно од Москва. Навални се соочува со повеќе обвиненија, вклучително и оние за создавање екстремистичка мрежа и финансирање екстремистички активности.

Тој рече дека затворската казна, доколку биде прогласен за виновен за горенаведените обвиненија, може да му биде продолжена за 30 години. Најновите обвинувања против Навални доаѓаат во време кога Кремљ ја интензивира репресијата врз своите противници, повеќе од една година по инвазијата на Украина.

Навални рече дека обвинителите му дале 3.828 страници со детали за сите злосторства што тој наводно ги извршил додека бил зад решетки. Меѓу другото, тој е обвинет за финансирање екстремистички активности, јавно поттикнување екстремистички активности и „рехабилитација на нацистичката идеологија“, пишува Би-Би-Си.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK