НАТО презема мерки за справување со влијанието на климатските промени

Merlin in the Med
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – НАТО денеска објави три извештаи поврзани со влијанието на климатските промени врз стратешкото опкружување, мисиите и операциите на Алиајнсата и начините за прилагодување на вооружени сили на земјите членки кон одржувањето на оперативната ефикасност.

Во првиот извештај, насловен „Проценка за влијанието на климатските промени врз безбедноста за 2023 година“, се прави анализа на влијанието на екстремните временски услови врз должината на животниот циклус на воената опрема, што создава дополнителни трошоци за нејзино одржување и замена.


Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, анализата во Проценката се фокусира на четири географски региони – Европа, Северна Америка, Блискиот Исток и Северна Африка и Далечниот Север и на четирите оперативни родови на НАТО.

Препораките за прилагодување на последиците од климатските промени во иднина се базираат на исксутвата стекнати од три конкретни случаи – влијанието на екстремно топлото време врз Мисијата на НАТО во Ирак, ефектите од покачувањето на океанското ниво и бурите врз поморската база Норфолк во САД и последиците од поплавите врз поморско-воздухопловната база во Сигонела во Италија.

Вториот извештај, насловен „Збирката на најдобри практики“, дава конкретни примери за напорите на членките на НАТО да се прилагодат на климатските промени преку воведување релевантни политики и процедури во нивните вооружени сили, а истовремено да го намалат влијанието врз животната средина.

– Воведувањето на енергетски ефикасни и еколошки одржливи технолошки решенија ги комбинира барањата за прилагодување на иновациите со воената ефективност, истовремено обезбедувајќи интероперабилност и подобрување на издржливоста на мисиите, се посочува во документот.

Според извештајот, ваквиот пристап ќе ја олесни тековната транзиција кон енергенси со ниско ниво на јаглерод и ќе помагне во имплементација на плановите за енергетска транзиција на НАТО.

Третиот документ, насловен „Мапирање и аналитичка методологија на емисиите на стакленички гасови“, содржи насоки и алатки за пресметување на емисиите на штетни гасови од страна на цивилните и воените капацитети на НАТО.

Целта на овој извештај е создавање на методологија што ќе му помогне на НАТО да ги оствари своите цели за намалување на емисиите на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK