НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина


nato-depositphotos_480968296_l.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина, изјавиле денеска извори за германската новинска агенција ДПА.


Амбасадорите на 32-те земји членки ја поддржале иницијативата на состанок во Брисел. Според планот, НАТО за вооружување и обука на украинските војници ќе издвојува по 70 милијарди евра годишно во следните две години, односно вкупно 140 милијарди евра.

Во оваа сума, сепак, е вклучен и заемот на ЕУ за Украина во износ од 60 милијарди евра за 2026 и 2027 година. Тоа значи дека сојузниците ќе мора да обезбедат по 40 милијарди евра годишно од своите национални буџети, јави ДПА, пренесе „Индекс“.

Се очекува лидерите на НАТО официјално да го одобрат планот за пет дена во Анкара. Најголемиот дел од средствата ќе го обезбедат европските членки и Канада, откако САД ја намалија финансиската помош за Украина за време на претседателот Доналд Трамп.

Германија претходно објави дека во 2026 година планира да ѝ помогне на Украина со 11,5 милијарди евра.

Во последните месеци НАТО му помагаше на Киев преку програмата наречена „Листа на приоритетни потреби за Украина“, позната под кратенката ПУРЛ. Програмата функционира така што САД им продаваат оружје и муниција на европските сојузници и на Канада, кои потоа ги доставуваат до Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK