НАСА: За 30 години одредени делови од Шпанија ќе бидат претопли за живот, што ќе го загрози здравјето на луѓето

Spanija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

НАСА денеска издаде предупредување дека одредени делови на Шпанија, вклучувајќи ги Мадрид, Валенсија и Андалузија, ќе бидат премногу топли за живот за 30 години поради климатските промени.


Студијата на НАСА насловена како „Премногу жешко: како климатските промени може да направат некои места премногу жешки за живот“, предупредува дека освен делови од Шпанија, до 2050 година областите како Јужна Азија, Персискиот Залив, Црвеното Море и источна Кина ќе бидат исто толку топли што животот нема да биде одржлив.

Во исто време, студијата забележува дека слични температури ќе погодат делови од Југоисточна Азија и Бразил до 2070 година, пренесува „Јуровикли“. Настаните како топлотниот бран во Европа во 2003 година, кој однесе повеќе од 70.000 животи, ќе станат почести и потешки од 2040-тите.

Луѓето кои веќе живеат на „жешки места“ ќе мора да се прилагодат на уште подолги периоди на топлотни бранови, додека оние кои живеат во постудени градови ќе бидат изложени на екстремна топлина на која не се навикнати“, велат експертите.

Експертите предупредуваат дека големите градови ќе мора да се прилагодат пред 2050 година, особено кога станува збор за соодветна климатизација, како и дека е неопходно да се реши проблемот со недостигот на зелени површини во урбаните региони. Здравствените проблеми како дехидрација, топлотен удар и кардиоваскуларните заболувања ќе станат почести, предупредуваат експертите, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK