Напаѓачот на Трамп пред атентатот напиша морничава порака: „13 јули ќе биде мојата премиера“

Screenshot-2024-07-18-114608.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Томас Метју Крукс, кој се обиде да го убие поранешниот американски претседател Доналд Трамп на неговиот митинг одржан во саботата во Пенсилванија, неколку дена претходно на Интернет објавил грозоморна порака, јавуваат американските медиуми.


Крукс (20) најави злобни планови за денот кога пукаше кон Трамп во Батлер, Пенсилванија, пишува Њујорк пост.

„13-ти јули ќе биде мојата премиера, гледајте како се развива“, наводно напишал 20-годишниот напаѓач на Steam, популарна онлајн платформа каде гејмерите комуницираат меѓу себе, објави Фокс Њуз.

Пораката која го навестува нападот им беше откриена на американските сенатори за време на брифингот со високи претставници на органите за спроведување на законот во средата.

Крукс, исто така, имал слики од претседателот Бајден на неговиот мобилен телефон и ги барал датумите на Националната конвенција на Демократската партија и митингот на Трамп во Пенсилванија – каде што го пукаше кон 45-тиот претседател, изјавија извори за спроведување на законот за Њујорк Пост.

Инспекторите бараат одговори низ телефоните и компјутерот на напаѓачот, но допрва треба да го идентификуваат мотивот.

Истрагата за пребарувањето на позадината на нападот, не откри на која страна од политичкиот спектар Крукс – регистриран републиканец – се наоѓал, според Еј-би-си Њуз, кој прв го објави откритието.

Крукс, кој беше убиен неколку секунди откако пукаше кон поранешниот претседател, имал два мобилни телефони – еден пронајден во близина на неговото тело, а друг дома со само 27 контакти, според Фокс.

Деталите за пребарувањето беа објавени кога се рашири веста дека поминале 20 минути од времето кога снајперистите на Тајната служба првпат го забележале на покривот со пушка и времето кога почнал да пука во Трамп.

Во престрелката е убиен 50-годишен татко на две деца, а повредени се уште две лица кои биле на собирот.

Повеќе извори за спроведување на законот, информирани за истрагата, за Еј-би-си изјавија дека снајперисти го виделе Крукс на покривот надвор од безбедносната зона на собирот во 17:52 часот, пред да започне пукањето во 18:12 часот.

Шокантниот временски јаз од 20 минути го потврдија изворите на „Њујорк пост“, кои додадоа дека во еден момент Крукс наводно преку својот мерач за далечина погледнал во снајперистите кои го набљудувале.

Всушност, Крукс бил идентификуван како личност од интерес повеќе од еден час пред да започне пукањето, изјавиле извори за Њујорк пост.

Откако го испукал првиот истрел, снајперистите го елиминирале за само 26 секунди.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK