Напаѓачот бил облечен во црно, претепал момче во ходникот, а потоа влегол во одделението во Загреб

67.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Едно дете загина, наставник и шест ученици се повредени во напад со нож што се случи утринава во основното училиште „Пречко“ во Загреб.


Полицијата потврди дека напаѓачот е 19-годишен маж и дека е приведен.

Во Дневникот на ХРТ беше објавено дека децата кои го напуштале појадокот виделе крв во ходникот и млад човек како тепа момче.

Почнале да бегаат, настанала паника.

Младиот човек потоа влегол во првиот час на кој наишол. Таму најверојатно избодел неколку студенти.

После тоа истрчал од училиште и побегнал во блискиот Здравствен дом, каде се заклучил во тоалетот и се обидел да се самоубие, дознава ХРТ, што полицијата го спречила.

Според информациите од местото на настанот, напаѓачот бил облечен во црно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK