Нападнати американски воени бази во Ирак

Нападнати-американски-воени-бази-во-Ирак.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со дронови и ракети вчера вечерта е нападната воздухопловната база Аин ал Асад во западен Ирак, каде што се стационирани американски и други меѓународни сили, додека во базата се слушнаа неколку експлозии, изјавија два безбедносни извори. Ирачката армија извести дека ја затворила областа околу воздухопловната база, а во меѓувреме започнала истрага за случајот. Се уште не знае дали има жртви или материјална штета.


Покрај споменатата база на западот од земјата, проектили погодиле и воена база на американски војници во близина на аеродромот во Багдад, соопшти ирачката полиција, но без дополнителни информации. Во последните 24 часа мета биле четири воени бази во Ирак, каде се стационирани американски воени сили, при што помал број војници се здобиле со полесни повреди.

Минатата недела вооружените групи поврзани со Иран се заканија дека ќе гаѓаат објекти поврзани со САД со проектили и беспилотни летала доколку Вашингтон интервенира на страната на Израел во војната против Хамас во Газа.

Во моментов има 2.500 американски војници во Ирак и уште 900 во соседна Сирија, како дел од мисијата чија цел е да им помогне на локалните сили во борбата против Исламската држава, која зазеде делови од териториите на двете земји во 2014 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK