Нападната кубанската амбасада во САД: фрлени молотови коктели

Нападната-кубанската-амбасада-во-САД-фрлени-молотови-коктели.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи на Куба Бруно Родригес Париља соопшти дека вчера во текот на ноќта била нападната кубанската амбасада во Соединетите Американски Држави.


Амбасадата стана цел на терористички напад, напиша тој на мрежата „Икс“.

Според него, непознато лице фрлило две шишиња со експлозивен материјал кон дипломатското претставништво на Куба.

За среќа никој од вработените не е повреден.

Инаку, ова е втор ваков напад од 2020 година. Тогаш маж пукал во амбасадата со автоматска пушка.

Истрагата е во тек.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK