Повторно е пукано кон еврејско училиште во Монтреал, што е третпат за помалку од една недела, во услови на зголемени тензии поради конфликтот меѓу Израел и Газа, соопшти полицијата, јавуваат локалните медиуми.
Нема повредени, но оштетена е фасадата на „Јешива Гедолах“ во Монтреал. Траги од куршуми и чаури биле пронајдени откако жителите слушнале пукотници рано во неделата, објави CBS News во Канада.
🚨 JUST IN: SHOOTING IN CANADIAN JEWISH SCHOOL | THIRD IN A WEEK
Montreal police are investigating a third incident of gunshots fired at a Jewish school within a week
The shots were reported at Yeshiva Gedola on Sunday at around 5 a.m. Bullet impact marks were found on the… pic.twitter.com/MRAAEyyZQV
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) November 12, 2023
Но, две дополнителни училишта во Монтреал објавија дека пронашле дупки од куршуми на нивните влезни врати во четвртокот наутро, објавија локалните медиуми. Не е јасно дали инцидентите во еврејските училишта во западниот крај на градот се поврзани.
Мајер Феиг, член на Советот на Хасидските Евреи од Квебек, вели дека престрелките во училиштата имаат за цел да го заплашат еврејското население во градот, објави претходно новинската агенција.
Во Торонто, полицијата извести дека злосторствата од омраза против Евреите и муслиманите се зголемиле повеќе од двојно во текот на целата 2022 година за само три недели од првичниот напад на Хамас на 7 октомври.