Во главниот град на Кина, Пекинг, е забележан најстудениот декември од 1951 година, кога почнале да се вршат мерењата.
Температурите во кинескиот главен град често паѓаат под минус 10 степени Целзиусови овој месец, наведува Би-би-си, додавајќи дека пред само шест месеци, во Пекинг е забележан најтоплиот јунски ден досега, бидејќи измерената температура била малку повисока од 40 степени Целзиусови.
Кина оваа зима беше погодена од неколку бранови екстремно студено време.
Јужна Кореја исто така се соочи со ниски температури, а големо количество снег падна во делови од северна Јапонија.