Најмалку седуммина загинати при експлозија на автомобил во Пакистан

pozar_#4345543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Најмалку седум лица, меѓу кои три деца и две жени, загинаа откако патничко комбе се запали во централен Пакистан по експлозија на плинска боца, соопшти полицијата.

Експлозијата се случи во областа Саргода во провинцијата Пенџаб.


Пакистанските власти ја забранија употребата на плински боци во возилата на јавните служби и училишните комбиња поради несреќи, во кои загинаа десетици луѓе во изминатите неколку години.

Сообраќајните несреќи се честа појава во Пакистан поради недостаток на соодветна инфраструктура, лошо одржувани возила и невнимателно возење. Според пакистанското Биро за статистика, секоја година се регистрираат околу 9.000 сообраќајни несреќи, при што гинат над 4.000 луѓе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK