Најмалку осум лица загинаа, а десет се повредени во невреме во западна Русија, соопштија денеска локалните власти. Жртвите биле во група туристи кои кампувале во близина на езерото Јалчик.
– Според последните информации, загинаа осум лица, изјави градоначалникот Јошкар-Оле. Сите повредени се пренесени во болници. Во силното невреме што вчера ја зафати западна Русија, илјадници домови останаа без струја.