Најмалку 87 лица загинаа или се водат како исчезнати по нападите на израелски воени авиони во текот на ноќта врз неколку станбени згради во северниот дел на Појасот Газа, соопшти Министерството за здравство во окупираната палестинска енклава.
Во соопштението се наведува дека најмалку 40 лица се ранети во нападите на израелските воздухопловни сили врз градот Беит Лахиа, кој беше меѓу првите цели на израелската копнена инвазија пред речиси една година , пишува Тајмс оф Израел.
Израелската армија (ИДФ) соопшти дека „продолжува да оперира низ Газа, и од воздух и од земја“.
Израел веќе две недели спроведува голема операција во урбаниот бегалски камп Џабалија на северот од Појасот Газа, а ИД тврди дека операцијата е покрената против милитантите на Хамас кои се прегрупирани таму.