Најмалку 40 лица загинаа во невремето во Авганистан, околу 350 се повредени

Силен-земјотрес-го-погоди-Авганистан.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во обилните дождови на истокот на Авганистан загинаа најмалку 40 лица, а околу 350 се повредени, соопштија денеска талибанските власти.


Портпаролот на Министерството за јавно здравје, Шарафат Заман Амар потврди дека 40 лица загинале во невремето во понеделникот, а 347 повредени се пренесени на лекување во Регионалната болница Нангархар од Џалалабад, главниот град на провинцијата Нангархар и околните области.

Меѓу жртвите има пет членови на семејството, кои загинаа кога се урна покривот на нивната куќа во областа Сур Род, изјави портпаролот на провинцијата Седикулах Кураиши.

Повредени се уште четворица членови на ова семејство, пренесува АП.

Околу 400 куќи и 60 електрични столбови се уништени низ провинцијата Нангархар, додаде Кураиши.

Струјата беше прекината во многу области, а комуникациите во градот Џалалабад беа ограничени, додека целосната штета се уште се проценува.

Одделно, авганистанските медиуми објавија дека најмалку 17 лица загинале, а 34 се повредени кога автобус се превртел на главниот автопат што ги поврзува Кабул и Балх во северната провинција Баглан рано утринава.

Причината за несреќата сè уште не е позната, но слични инциденти често се случуваат во Авганистан поради лошите услови на патиштата и невнимателното возење, наведува АП.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK