Најмалку 388 луѓе починале од колера во Судан во последните два месеци

5-18.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шест лица починаа од колера во Судан во текот на викендот, со што бројот на загинати од оваа болест се искачи на најмалку 388 во изминатите два месеци, соопштија здравствените власти.


Суданското Министерство за здравство соопшти дека во последните два месеци од колера во Судан се разболеле околу 13.000 луѓе, додека во текот на викендот имало 400 нови случаи.

Во соопштението се вели дека колерата се шири во областите погодени од неодамнешните поплави, особено во источен Судан, каде што се засолниле милиони луѓе раселени поради војната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK