Најмалку 37 Палестинци загинаа денеска во израелски напади низ Појасот Газа, соопштија палестински медицински претставници.
Официјални лица соопштија дека најмалку 11 жени и деца се убиени денеска во камп во областа Ал-Маваси западно од Кан Јунис во кои се сместени раселените семејства, објави Гардијан.
Во други израелски воздушни напади денеска, најмалку 26 Палестинци беа убиени, вклучувајќи шест во седиштето на Министерството за внатрешни работи во Кан Јунис на југот од енклавата, а останатите во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, кампот Шати и кампот Магази во централниот дел на земјата.