Најмалку 33.207 Палестинци убиени од 7 октомври во Газа

gaza.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 33.207 Палестинци се убиени, а најмалку 75.933 се ранети од почетокот на нападот на израелската армија врз Појасот Газа, соопшти Министерството за здравство на Газа.


Повеќето од убиените се жени и деца.

Хуманитарниот координатор на Обединетите нации (OCHA) на окупираните палестински територии, Џејми МекГолдрик, претходно објави дека речиси два милиони луѓе во Појасот Газа биле принудени да ги напуштат своите домови, многу од нив повеќе пати.

„Половина од луѓето во Газа се изложени на непосреден ризик од глад, а детската неухранетост достигна нивоа што досега не била видена во енклавата“, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK