Најмалку 30 луѓе загинаа во артилериски напад на бегалски камп во Мјанмар

Најмалку-30-луѓе-загинаа-во-артилериски-напад-на-бегалски-камп.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 30 луѓе, меѓу кои и жени и деца, загинаа во артилериски напад врз бегалски камп во близина на границата на Мјанмар со Кина, јавува „Ројтерс“.


Армијата на Мјанмар тврди дека не е одговорна за артилерискиот напад врз бегалски камп во државата Качин, на границата со Кина, изјави портпаролот на воената хунта, која ја има власта во земјата.

Гранатирањето се случило околу полноќ во понеделникот во државата Качин, изјавиле извори за „Ројтерс“.

Локалните медиуми јавуваат дека загинале 30 луѓе и ја обвинуваат армијата за артилерискиот напад, наведува британската агенција, истакнувајќи дека не може самостојно да го потврди бројот на загинатите.

Обединетите нации во Мјанмар денеска соопштија дека се длабоко загрижени од извештаите за смртни случаи на цивили во кампот за внатрешно раселени лица во северната држава Качин.

„ОН во Мјанмар се длабоко загрижени од првите извештаи од Качин дека цивили, вклучувајќи жени и деца, се убиени и повредени во бомбардирањето. Камповите за внатрешно раселените лица се места за засолниште, а цивилите, каде и да се, никогаш не треба бидат мета“, се вели во соопштението на Фејсбук.

Во Мјанмар, повеќекратни конфликти се присутни во неколку региони, по воениот удар во 2021 година, во кој беа вклучени и милициите на етничките малцинства и движењето на отпорот кои се борат против воените власти.

Овој последен инцидент е најсмртоносниот по воздушен напад во нестабилниот регион Сагаинг во Мјанмар во април, во кој загинаа неколку луѓе, вклучително и цивили.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK