Најмалку 25 загинати при превртување на брод во Конго, има и исчезнати

kongo-brod-reka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 25 луѓе загинаа, меѓу кои и деца, на реката Фими во Демократска Република Конго кога се преврте брод. Локалните власти соопштија дека бродот се превртел поради преоптоварување, а десетици од нив се уште се водат како исчезнати во оваа трагедија. Се верува дека на бродот имало повеќе од 100 патници откако испловил од градот Инонго, североисточно од Киншаса, главниот град на ДР Конго.


„Товарот дојде на ниво на покривот, и поради луѓето и поради стоката на самиот брод. Досега од реката се извлечени најмалку 25 безживотни тела“, изјави Дејвид Калемба, комесар за реката на Инонго додавајќи дека потрагата по исчезнатите се уште е во тек.

Несреќата што се случи е веќе четврта во текот на 2024 година во овој регион каде многумина се потпираат на речен сообраќај. Дури 80 луѓе го загубија животот во трагедија во текот на јуни, во несреќа што се случи во близина на Киншаса, додека во октомври имаше несреќа со 78 загинати.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK