Најмалку 22 рудари за злато загинаа на југот на Мали откако се урнаа окна во рудникот, изјави денеска генералниот секретар на Конфедерацијата на рудари, Таол Камара.
„Рударите илегално влегоа на локацијата во општина Калана и ископаа тунели кои подоцна се урнаа“, изјави Камара за Ројтерс.
Несреќата уследи по смртта на повеќе од 70 луѓе во рудник во југозападниот дел на Мали во јануари.