Во главниот град на Судан, најмалку 20 цивили загинаа во тешките борби меѓу суданската армија и ривалската паравоена милиција, Сили за брза поддршка (РСФ).
Неколку лица се повредени и во нападите во градот Омдурман, кој граничи со главниот град Картум, соопшти денеска суданското Министерство за здравство.
На блиската болница и недостигаа основните медицински материјали, како и залихи со крв. Здравствениот систем во земјата е блиску до целосен колапс по неколкумесечни борби.
Војната избувна во Судан во средината на април по долготрајната борба за власт меѓу де факто претседателот Абдел Фатах ал-Бурхан и потпретседателот Мохамед Хамдан Дагло.