Најмалку 18 повредени во руски напад врз Миколаев

v kim
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 18 лица се повредени рано утрово во руски напад врз украинскиот пристаништен град Миколаев, соопшти регионалниот гувернер Виталиј Ким, додека властите во Одеса известија за нови напади во регионот.

Во центарот на Миколаев е погодена трикатна станбена зграда, а службите за итни случаи спасија две лица од урнатините, напиша Ким на социјалните мрежи.


Претходно тој информира дека имало убиени, но во следните пораки не даде информации за тоа.

Тензиите околу украинските пристаништа на Црното Море ескалираа откако Русија предупреди дека од денеска бродовите што влегуваат во нив ќе ги смета како потенцијални воени цели.

Москва претходно се повлече од договорот кој обезбедува безбедно поминување на украинските пратки со жито. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK