Најмалку 18 лица загинаа при обид да фатат пакети со храна која беше фрлена со падобрани во Газа

Screenshot-2024-03-26-202019.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Осумнаесет Палестинци загинаа, од кои 12 се удавија, обидувајќи се да стигнат до пакетите со хуманитарна помош кои беа фрлени со падобран во Појасот Газа погоден од глад, објави денеска Хамас, повикувајќи на прекин на воздушните фрлања и отворање на копнени патишта.


Министерството за здравство на палестинската енклава извести за повеќе од 80 мртви во израелските воздушни напади во последните 24 часа, пренесува „France Presse“.

„Слушнавме огромна експлозија. Урнатините паднаа врз нас. Имаше 22 или 23 жртви“, објави Хусам Казат, бегалец во Рафах, град на самиот југ од Појасот.

Нов показател за очајната хуманитарна состојба во Газа, каде, според ОН, гладот ​​им се заканува на сите 2,4 милиони жители, е соопштението на Министерството за здравство на енклавата, дека има осумнаесет загинати, од кои дванаесет се удавиле во изминатите неколку часа додека се обидувала да пристапат до хуманитарната помош.

Набргу по таа објава, Хамас повика да се прекине испраќањето хуманитарна помош по воздушен пат и да се отворат копнени патишта. Израел одржува цврста контрола врз овие патишта, поради што другите земји, како Велика Британија, Франција и САД, одлучија да испратат помош од воздух, пишува „France Presse“.

Милитантната група рече дека „секогаш ги предупредувала земјите кои испраќаат помош од воздух“ за опасноста од такви операции, особено затоа што дел од помошта паѓа во морето.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш предупреди дека би било „неоправдано“ да не се спроведе резолуцијата на Советот за безбедност.

Израел, од друга страна, бесен на САД, ја откажа планираната посета на својата делегација на Вашингтон, велејќи дека американската воздржаност ги „штети“ неговите воени напори и ослободувањето на заложниците, пренесува медиумот.

„Немаме морално право да ја запреме војната се додека има заложници во Газа“, изјави израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK