Најмалку 16 Палестинци загинаа во израелските напади во изминатите 24 часа врз источните делови на поширокото подрачје на градот Кан Јунис, соопштија денеска палестинските здравствени власти во Појасот Газа.
Израелскиот напад дојде веднаш откако Израел издаде нови наредби за евакуација на некои населби во и околу Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, најавувајќи нови напади и тврдејќи дека израелската армија „ги прилагодува границите на хуманитарната зона во Ал-Маваса за да го задржи цивилното население подалеку од борбените зони“, пренесува Ројтерс.
Палестинските здравствени власти тврдат дека најмалку 16 Палестинци биле убиени во напад на израелски тенк врз населбата Бани Сухаила источно од Кан Јунис, додавајќи дека областа била бомбардирана и од воздух.