Тројца пожарникари и десетина патници беа повредени во саботата на Флорида кога противпожарно возило со ротациони светла се движело преку шините на патеката на брз патнички воз откако почека да помине друг воз, покажуваат видео снимки од инцидентот.
Од сударот предниот дел на возот беше уништен, и дел од патниците во предниот дел се повредени. Властите соопштија дека тројцата повредени пожарникари се хоспитализирани и во стабилна состојба. Останатите 12 повредени патници од возот се пренесени во болница со полесни повреди.
„Предниот дел на тој воз беше целосно искршен, а имаше дури и некои делови од противпожарното возило заглавени во предниот дел на возот, но тоа го подели автомобилот точно на половина. Го подели противпожарното возило точно на половина, а остатоците беа насекаде“, изјави Емануел Амарал, очевидец на несреќата, пренесе „РСЕ“.
Федералната управа за железници најави дека ќе спроведе истрага. Портпаролот на Националниот одбор за безбедност на транспортот попладнето изјави дека сè уште собира информации за несреќата и дека сè уште не одлучиле дали да истражуваат.