Над 288 загинати и повеќе од 850 повредени во железничка несреќа во Индија

indija_23424423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 –  Најмалку 288 лица загинаа во железничка несреќа во источна Индија, тоа е новиот биланс што денеска го објавија претставници на противпожарната служба. Се стравува дека конечниот број на жртви ќе биде поголем, а како што е соопштено, во несреќата се повредени над 850 лица.







Се уште траат акциите за спасување. Два патнички воза синоќа еден по друг излетале од шините на исто место .

Десет вагони од еден патнички воз излетале од шините на соседната пруга кога друг патнички воз налетал на нив од спротивната насока. Истрагата за причините за несреќата е во тек.

Индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочувство и понуди државна помош.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK