На Украина и требаат уште половина милион регрути, мажите повеќе не сакаат да војуваат

На-Украина-и-требаат-уште-половина-милион-регрути-мажите-повеќе.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Контроверзниот предлог-закон за построги правила за мобилизација е повлечен од украинскиот парламент, а новата верзија е подготвена за владина ревизија, изјави министерот за одбрана Рустем Умеров.



Законот ќе му овозможи на Киев да регрутира повеќе луѓе во време на неговата речиси двегодишна војна против Русија.

Оригиналниот предлог на законот содржеше можност поканите за регрутација да се доставуваат по електронски пат, како и низа строги санкции за оние кои нема да го почитуваат.

Илјадници Украинци се пријавија во војска веднаш по руската инвазија на 24 февруари 2022 година. Сепак, речиси две години подоцна, многу мажи се обидуваат да ја избегнат војната.

Предлог-законот, кој владата го поднесе на крајот на декември по консултација со армијата, веднаш наиде на критики од јавноста и од политичарите.

Пратениците и аналитичарите рекоа дека некои одредби од законот го прекршуваат уставот и го зголемуваат ризикот од корупција.

Собраниската комисија за безбедност и одбрана со денови го разгледуваше предлог законот. Умеров во четвртокот рече дека предлогот е повлечен.

Нацртот мора да помине низ неколку читања, а потоа да биде потпишан од претседателот Володимир Зеленски.

Зеленски минатиот месец рече дека армијата предложила да се мобилизираат 450.000-500.000 дополнителни луѓе.

Началникот на армијата Валериј Залужни објасни дека оваа бројка ги зема предвид воените планови и прогнозите за можни загуби.

Воените аналитичари тврдат дека бројката од половина милион луѓе се однесува на период од една година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK