На Мелони и се закануваат со смрт поради договорот со Албанија

mel.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека добила смртни закани од трговци со луѓе поради договорот за мигранти со Албанија, пренесоа денеска италијанските медиуми.


Мелони во средата вечерта за телевизијата Раи1 изјави дека останува посветена на договорот со Албанија, бидејќи тоа е „ефикасно решение за управување со мигрантските текови“.

„Првите смртни закани пристигнаа затоа што потпишав протокол за соработка со Албанија за миграција. Ќе направам се оваа соработка да донесе опипливи резултати“, изјави Мелони.

Таа рече дека целта на владата е центрите за мигранти во Албанија да функционираат на начин кој го почитува меѓународното право, но предупреди дека центрите ќе создадат сериозни проблеми за трговците со луѓе кои и се заканувале со смрт.

Како што наведе таа, одлуката на судот во Болоња да побара од судот на ЕУ да го поништи декретот на римската влада за безбедни земји за мигрантите повеќе личи на пропаганден памфлет отколку на судски документ.

Таа заклучи дека овие напади и противењето на опозицијата во Брисел се агресивна реакција на тоа што, како што наведе, функционира стратегијата на италијанската влада.

Мелони додаде дека, и покрај противењето, доаѓањата се намалени за 60 отсто, додека репатријацијата е зголемена за 30 отсто поради миграциската политика на актуелната влада.

Откако првата група мигранти беше префрлена од Италија во миграциските центри во Албанија, кои се опфатени со договорот Рим-Тирана, со одлука на судот во Рим тие беа вратени назад во Италија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK