На Израел му остануваат само две или три недели да го елиминира Хамас, вели поранешниот израелски премиер, Барак

На-Израел-му-остануваат-само-две-или-три-недели-да.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак рече дека стравува оти Израел има само две до три недели да го елиминира Хамас бидејќи јавното мислење, што е најважно во САД, брзо се свртува против нападите на Израел врз Газа.



Во интервју за „Политико“, Барак навести дека мултинационалните арапски сили би можеле да ја преземат контролата врз Газа по израелската воена кампања за да помогнат во враќањето на палестинската управа на Махмуд Абас во Појасот.

Барак, сепак, рече дека враќањето кон дипломатијата со цел да се создаде палестинска држава е „многу далечна перспектива“.

Барак, кој беше премиер на Израел меѓу 1999 и 2001 година, смета дека реториката на американските официјални лица се променила во последните денови и дека тие сè повеќе бараат пауза во борбите за доставување хуманитарна помош во Газа и ослободување на заложниците кои ги држел Хамас.

Посочи дека Израел не може да ги игнорира позициите на САД, иако Вашингтон не може, како што наведе, да му диктира на Тел Авив што да прави.

Барак рече дека ќе бидат потребни месеци или дури години да се уништи исламистичката милитантна група Хамас – главна воена цел поставена од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но посочи дека поддршката на Западот за Израел опаѓа поради високиот број цивилни жртви во Газа и стравувањата дека израелската воена кампања може да предизвика поширока војна во регионот.

Западните земји се исто така загрижени за нивните државјани меѓу 242-та заложници кои Хамас ги држи во Газа, рече Барак.

Американскиот претседател, Џо Бајден, минатата недела истакна дека е потребна пауза во војната за да се достави хуманитарна помош во Газа и да се ослободат заложниците.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на посетата на Израел оваа недела рече дека заштитата на цивилите во Газа сега треба да биде приоритет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK