На италијанските Алпи загинаа четворица планинари

alpi-EPA-800x533.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Четворица планинари загинаа во несреќи на италијанските Алпи во неделата, соопшти планинската спасувачка служба.


Нивните фатален падови се случија во регионите Венето, Трентино и Пиемонт во северна Италија. Загинатите се тројца мажи и една жена.

Спасувачките служби ангажирале хеликоптери и неколку тимови во тие области. Во Рокиамелоне, во регионот Пиемонт, еден човек падна од 400 метри височина. Спасувачките екипи го извлекле неговото тело по комплицирана операција.

Во регионот Трентино, 26-годишен маж загина кога изгубил рамнотежа и паднал на околу 30 метри во провалија, во коритото на реката. Во Венето маж паднал во пукнатина меѓу карпи, а во друга несреќа жена паднала додека се спуштала по планината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK