На италијанскиот министер за одбрана му се слоши, хоспитализиран поради болки во градите

в-4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во вторникот на италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозе му се слошило за време на состанокот на Врховниот совет за одбрана и бил пренесен во болница со возило на брза помош, јавуваат италијанските медиуми.


Општата слабост е причината поради која Крозе беше хоспитализиран вчера попладне, по втор пат во последните три месеци, пренесува италијанскиот весник Месаџоро.

Тој, наводно, бил однесен во болницата Сан Карло ди Нанси во Рим, истата установа каде што бил лекуван во февруари поради перикардитис.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK