На Флорида погубен осуденик кој пред 40 години уби две жени

zatvor
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Властите во американската сојузна држава Флорида егзекутираа маж кој беше осуден на смрт речиси 40 години, откако сексуално нападнал и убил две жени.

„Двејн Овен (62) доби смртоносна инјекција и прогласен е за мртов во 18:14 часот во затворот Рејфорд“, изјави портпаролката на државниот казнено-поправен дом.


На судењето, Овен го призна убиството, како и други напади.

Адвокатите побараа Овен да биде поштеден од смртна казна поради неговата психичка состојба, но барањето на одбраната беше одбиено.

Овен е 12-тиот осуденик погубен од почетокот на годината во Соединетите Американски Држави, само во четири држави – Тексас, Оклахома, Мисури и Флорида.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK