На Филипините е прогласена регионална вонредна состојба поради пристигнувањето на тајфунот Геми

fffffff.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Манила е прогласена вонредна состојба поради обилните врнежи во регионот на главниот град на Филипините предизвикани од предвидениот тајфун Геми.


Додека дождот ја поплави Манила и околните градови, филипинската крајбрежна стража соопшти дека 260 патници и 16 пловни објекти се блокирани во пристаништата, а 114 летови од Манила се откажани, а училиштата се затворени, пренесува Ројтерс.

Бурата, која е се посилна додека се движи кон кинескиот регион Тајван, не стигна до Филипините, но ги засили сезонските монсунски дождови, предизвикувајќи лизгање на земјиштето и поплави во последните неколку дена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK