Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ќе отвори истрага за импичмент на претседателот Џозеф Бајден, изјави републиканецот Кевин Мекарти, пренесува Би-Би-Си.
Американскиот претседател Џо Бајден би можел да се соочи со можна истрага за импичмент поради деловните зделки на неговото семејство.
Спикерот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти, рече дека ги насочува комитетите да отворат формална истрага за, како што рече, „култура на корупција“, пренесува Sky News.
Тој рече дека во текот на изминатите неколку месеци „републиканците во Домот открија сериозни и веродостојни наводи за однесувањето на претседателот Бајден“.
Републиканците, кои сега тесно го контролираат Претставничкиот дом, го обвинија Бајден дека профитирал додека бил потпретседател од 2009 до 2017 година од странските деловни потфати на неговиот син Хантер Бајден. Сè уште не ги презентирале доказите.