Во денешното руско гранатирање на Покровск, уништен е мостот Дмитровски кој го поврзуваше тој град со Мирноград, објави украинскиот портал Strana.ua.
Видеа од уништувањето беа објавени од локалните канали на Телеграм.
Прекинато е и водоснабдувањето на Покровск, поради гранатирањето прекина е работата на модуларната филтер станица“, соопштија од регионалната воена управа на Доњецк.
Според руските медиуми, руските сили претходно го користеле овој мост за да ја нарушат железничката логистика и комуникациите меѓу Покровск и Мирноград.