Москва за заканата од Трамп: „Ние досега се соочивме со многу санкции и не не’ спречија да ги постигнеме целите“


Захарова-Забраната-на-Бугарија-за-прелет-на-рускиот-авион-кон.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новите американски санкции нема да ги спречат Русите да ги постигнат своите цели во Украина, соопшти Москва, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе нови санкции кон Русија за да присили прекин на огнот.


„Првата линија од соопштението е најважна. Соединетите држави многу месеци се фокусирани на победата на Украина. Сега се потврдува реалноста дека позицијата на Украина на бојното поле е лоша“, изјави Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи.

„Вистината е дека Украина загуби затоа што и веруваше и се потпираше на претходната администрација. Што се однесува до новите санкции, ние веќе се соочивме со толку многу санкции и тие не не’ спречија да ги постигнеме нашите цели“, додаде Захарова во интервју за Си-Ен-Ен.

Трамп претходно денеска објави дека размислува за воведување нови санкции и царини против Русија.

„Со оглед на фактот дека Русија во моментов буквално ја „толчи“ Украина на бојното поле, сериозно размислувам за широки банкарски санкции, санкции и царини против Русија додека не се постигне прекин на огнот и конечен мировен договор“, напиша Трамп на „Трут соушал“.

Во пораката тој ги повика двете страни да преговараат. „До Русија и Украина – седнете на маса сега, пред да биде предоцна. Ви благодариме!!!“, рече Трамп.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK