Русија претрпе „катастрофален неуспех“ во тестирањето на нејзината ракета „Сармат“, клучното оружје во модернизацијата на нејзиниот нуклеарен арсенал, според експертите за оружје кои ги анализираа сателитските снимки од локацијата за лансирање, пишува Вашингтон пост.
Сликите направени од Максар на 21 септември покажуваат кратер широк околу 60 метри на силосот за лансирање на космодромот Плесецк во северна Русија. Тие откриваат голема штета што не била видлива на сликите направени претходно овој месец, пишува „Скај њуз“.
Интерконтиненталната балистичка ракета РС-28 Сармат, позната на Запад како Сатан II, беше дизајнирана да испорачува нуклеарни боеви глави до цели оддалечени илјадници километри, но нејзиниот развој беше запрен поради неуспех.
Во меѓувреме, за време на посетата на Вашингтон, Володимир Зеленски рече дека Украина е „поблиску до крајот на војната“ со Русија отколку што многумина мислат.