Москва: Нема средба меѓу Лавров и Блинкен во Северна Македонија

Москва-Нема-средба-меѓу-Лавров-и-Блинкен-во-Северна-Македонија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Москва објави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен нема да се сретнат на состанокот на ОБСЕ во Северна Македонија оваа недела.



Лавров претходно изјави дека ќе им се придружи на министрите за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), која ги вклучува Канада и Соединетите држави, во Скопје, доколку Бугарија му го отвори својот воздушен простор.

Тој посочи и дека некои западни земји побарале средби со него.

Од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, средбите во живо меѓу руските министри и министрите на западните земји се ретки.

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков изјави дека Вашингтон не побарал средба, „нема да побара и нема да има средба“, пренесува Тасс.

Состанокот на ОБСЕ, кој има 57 членки, се одржува на 30 ноември и 1 декември.

„Наводно, Бугарија и ветила на Македонија дека ќе го отвори нејзиниот воздушен простор. Ако тоа се случи, ќе бидеме таму. Ќе видиме“, рече Лавров.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK