Москва ќе ја апси Јулија Навална, сопругата на Алексеј

navalna.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Судот во Москва ја отфрли жалбата на одбраната на наредбата за апсење во отсуство на сопругата на опозицискиот лидер Алексеј Навални, Јулија, која е обвинета за учество во екстремистички активности, објавија денеска руските медиуми.


Судот во официјално соопштение наведува дека мерката притвор изречена за Навална на 9 јули останува непроменета, бидејќи жалбата не е прифатена, пренесуваат руските медиуми.

Одбраната побара од Апелацискиот суд во Москва да ја поништи одлуката на првостепениот суд како незаконска и неоснована.

Адвокатот кој ја бранеше Јулија Навални на судењето не ја коментираше пресудата. Расправата, инаку, беше затворена за јавноста.

Веднаш по одлуката на судот во Москова, првостепената одлука стапи на сила, и таа сега ќе биде уапсена секаде на руска територија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK