Московскиот суд му го продолжи притворот на американскиот новинар Еван Гершкович за три месеци, објавија британските медиуми.
Репортерот на „Волстрит журнал“ беше уапсен на 29 март во градот Екатеринбург под обвинение за шпионажа што може да донесе до 20 години затвор.
Тој и весникот за кој работи силно ги отфрлаат тврдењата и ја обвинија Русија за ангажирање во „заложничка дипломатија“.