Морничавно сведоштво oд фестивалот каде што упадна Хамас: „Силуваа девојка, па и’ пукаа во глава“

Морничавно-сведоштво-oд-фестивалот-каде-што-упадна-Хамас-„Силуваа-девојка.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Инспекторите од израелската национална единица за криминал собраа докази за сексуални престапи од борци на Хамас.


Некои сведоци зборуваа за случаи на масовно силување на местото на фестивалот „Супернова“ каде што беше извршен масакрот.

Инспекторите од израелската национална единица за криминал Лахав 433 собрале докази за сексуално недолично однесување од страна на борците на Хамас за време на смртоносниот напад на 7 октомври, објавија израелските медиуми.

Една посетителка на фестивалот, која успеала да преживее, рекла дека се криела од терористите и во таа прилика видела како напаѓачите групно силувале млада девојка, а потоа ја убиле.

„Додека се криев, со аголот на окото видов вооружен напаѓач како ја силувал“, изјавила девојката. Како што рекла, истата жена подоцна била силувана од друг член на Хамас, а потоа ја застрелале во главата и и’ го осакатувале телото, пренесе „Јутарњи“.

Друг сведок, кој се криел на истото место, рече дека не ги видела силувањата, туку слушнала за нив од други преживеани.

Членовите на групата Зака, кои први пристигнаа на местото на масакрот и ги собраа телата на убиените на фестивалот, исто така рекоа дека виделе тела на млади жени со знаци на малтретирање.

Израелските власти соопштија дека држат стотици осомничени за кои се тврди дека се вмешани во нападот на Хамас. Израелските власти веднаш не пријавија случаи на силување, но со некои жени кои ги зеле како заложници, членовите на Хамас парадирале низ улиците на Газа.

Една од нив е Шани Лук, која беше на фестивалот и чие осакатено тело го возеше Хамас со пикап. Подоцна беше потврдена смртта откако беа пронајдени фрагменти од коски кои одговараат на нејзината ДНК.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK