Момче херој го расплака светот: со телото ги заштитил братот и сестрите од пожар во Австралија, трагично загина

Момче-херој-го-расплака-светот-со-телото-ги-заштитил-братот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Четиригодишно момче покажало неверојатна храброст кога се обидело да ги заштити своите сестри и брат од пожар што избувнал во градината во нивниот дом во Австралија. Подоцна починал во болница, пишува Daily Mail.


Исак Мек Грегор играл во дворот со своите сестри Мејвис (6) и Ешлин (18 месеци) и неговиот тригодишен брат Сејџ во нивната семејна куќа во Кори, југозападно од Мелбурн, Австралија, во саботата наутро кога се запалила софата.

Неговата мајка Јасмин Бек (26) истрчала надвор и се обидела да го помести каучот и да ги спаси сите четири деца.

Таа го пронашла Исак, нејзиниот најстар син, како го користи своето тело за да ги заштити од пламените јазици својот помал брат и сестра.

Сејџ и Ешлин починале на местото на настанот, а Исак и Мејвис биле итно пренесени во болница во критична состојба, придружувани од нивниот татко Кејн Мек Грегор. Биле сместени на интензивна нега со изгореници опасни по живот на околу 80 отсто од нивните тела.

Портпаролката на полицијата ја потврди трагичната вест.

„Секогаш ќе го паметиме како вистински херој кој го даде својот живот обидувајќи се да ги заштити своите браќа и сестри. Им благодариме на сите од се срце за сите донации и поддршка. Ова семејство е апсолутно неверојатно“, пренесува Јутарњи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK