Моди го осуди насилството во индиската држава Манипур

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Индискиот премиер Нарендра Моди по два месеци проговори за смртоносните етнички конфликти во североисточна Индија и рече дека последниот објавен случај, напад од толпа што соблекуваше и малтретираше жени во државата Манипур, „непростлив“.

Видеото кое ги прикажува нападите предизвика бес и беше широко споделено на социјалните мрежи доцна синоќа, иако интернетот беше главно блокиран, а новинарите отсечени од оддалечената индиска држава. На видеото се гледаат две голи жени опкружени со десетици млади мажи кои ги фаќаат за гениталиите и ги влечат во поле.



– Виновниците нема да бидат поштедени. Она што се случи со ќерките на Манипур никогаш не може да се прости, рече Моди во својата прва јавна изјава за бранот напади во Манипур.

Без директно да го спомене насилството, Моди ги повика шефовите на државните влади да се грижат за безбедноста на жените и рече дека инцидентот е „срамен за секоја цивилизирана нација“.

– Срцето ми е е исполнето со болка и гнев, рече Моди.

Етничкото насилство прикажано на видеото е типично за таканаречената граѓанска војна што се води во Манипур, каде неконтролираните банди дивеат низ селата и палат куќи, а во овие акции од мај животот го загубија 130 луѓе.

Конфликтот беше поттикнат од барањето на Меитеите, група главно Хиндуси, за посебен статус што ќе им овозможи да купат земја во планините населени со христијански Куки и други племенски групи и да добијат дел од владините работни места, против кои Куките се побунија.

Судирите продолжија дури и додека армијата е распоредена во Манипур, држава со 3,7 милиони жители во планините на границата на Индија со Мјанмар, сега поделена на две етнички зони. Двете завојувани страни формираа вооружени милиции, а пукотници постојано се слушаат во изолираните села. Повеќе од 60.000 луѓе избегаа во преполните бегалски кампови.

Полицијата соопшти дека нападот на двете жени од видеото се случил на 4 мај, ден по почетокот на насилството во земјата. Според пријавата доставена во полиција дури на 18 мај, две жени се од семејство кое било нападнато од банда која убила двајца нивни роднини, а во пријавата се наведува дека непознати сторители извршиле силување и убиство.

Премиерот на државата Манипур, Бирен Синг, твитна дека полицијата го извршила првото апсење во случајот, но не кажа колку луѓе се приведени.

Тој рече дека истрагата е во тек и оти ќе обезбеди преземање строги мерки против сите сторители, вклучително и можноста за смртна казна.

– Нека се знае дека апсолутно нема место за вакви грозоморни дела во нашето општество, рече Синг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK