Мнозинството Германци се незадоволни од раководството на канцеларот Олаф Шолц, покажува истражување

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мнозинството Германци се незадоволни од раководството на германскиот канцелар Олаф Шолц за прв пат откако тој ја презеде функцијата во 2021 година, покажува истражувањето објавено денеска.



Во анкетата спроведена на барање на телевизијата ЗДФ, 51 отсто од испитаниците се изјасниле дека не се задоволни од работата на германскиот канцелар, пренесе Ројтерс.

Само 43 отсто од испитаниците се изјасниле дека се задоволни од работата на Шолц, додека шест отсто се неопределени.

И покрај наодите од истражувањето, Шолц сè уште е втор најпопуларен политичар во Германија, зад министерот за одбрана Борис Писториус, кој со месеци е на врвот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK