Мнозинството Германци се незадоволни од раководството на германскиот канцелар Олаф Шолц за прв пат откако тој ја презеде функцијата во 2021 година, покажува истражувањето објавено денеска.
Во анкетата спроведена на барање на телевизијата ЗДФ, 51 отсто од испитаниците се изјасниле дека не се задоволни од работата на германскиот канцелар, пренесе Ројтерс.
Само 43 отсто од испитаниците се изјасниле дека се задоволни од работата на Шолц, додека шест отсто се неопределени.
И покрај наодите од истражувањето, Шолц сè уште е втор најпопуларен политичар во Германија, зад министерот за одбрана Борис Писториус, кој со месеци е на врвот.