Mлада Израелка која била на рејв фестивалот недалеку од границата со Газа кога терористите на Хамас почнале да се инфилтрираат и да ги убиваат, успеала да преживее криејќи се седум часа под телата на убиените во нападот.
Ли Саси присуствуваше на фестивалот кој привлече околу 3.000 луѓе, главно млади Израелци, кога Хамас го почна својот ненадеен напад во саботата наутро, принудувајќи ги присутните да трчаат да си ги спасат животите. Младите луѓе се криеја каде и да стигнат, вклучително и во овоштарниците, а пукањето траеше со часови.
Саси и околу 35 други се засолниле во бункер кога ги откриле борците на Хамас, кои почнале случајно да пукаат во бункерот.
Саси беше една од 10-те луѓе кои го преживеаја ужасниот напад криејќи се со часови под мртвите тела, според пораките што таа ги праќала на пријателка и ги споделила со репортерката на i24news Наташа Ракел Кирчук Гутман на Инстаграм.
Ужасното видео покажува луѓе набиени во тесен простор, а некои се кријат под телата на убиените.
Во пораките, Саси и кажува на својата пријателка дека меѓу 30 и 35 луѓе влегле во бункерот, но кога била спасена седум часа подоцна, само десет луѓе го напуштиле бункерот живи. Нејзината пријателка проверува дали правилно ја разбрала пораката, на што Саси потврдува дека ја сфатила.
„Не се шегувам“, додала таа и испратила фотографија на која изгледа дека неколку има тела наредени едно врз друго. Таа и кажала на својата пријателка дека биле испукани илјада куршуми додека групата се криела, како и рачни бомби.
„Го нападнаа фестивалот и почнаа да пукаат и да фрлаат гранати во засолништето кое немаше врата“, напиша таа. Додаде дека сето траело седум часа, континуирано.
Во пораките Саси наведува дека контактирала со нејзините роднини во Израел кои испратиле поранешни војници да ја спасат неа и другите. Се испостави, додаде таа, дека меѓу нив била и ќерката на еден од поранешните војници кој дошол да ги спаси.
„Имавме толку среќа. Тоа беше чудо“, рече таа за спасувањето.